Поддршка
Поддржете ги промените што им помагаат на младите да учествуваат, водат и градат посилни заедници.
youthalliance@youthalliance.org.mkРезултатите кои ги постигнавме во изминатите дваесет години означуваат успех во младинската работа. Успех кој е веќе потврден со бројни признанија на локално, национално и меѓународно ниво.
Во досегашниот период спроведовме над 800 проекти за промоција на активно учество на младите луѓе во сите сфери на општеството. Ние ги предводиме и поттикнуваме промени со нови и алтернативни решенија на младинските проблеми.
Вашата поддршка за нас не претставува само финансиска, туку и морална поддршка.
Direct and indirect ways to keep youth work moving.
Директна поддршка
Директна поддршка на нашите активности опфатени преку нашите програми. Доколку имате можности и идеја за поддршка контактирајте не.
youthalliance@youthalliance.org.mkИндиректна поддршка
Од 2016 година Младинскиот Сојуз - Крушево има два тима кои активно придонесуваат во обезбедување на средства за имплементација на нашите активности.
Медиа тим
Нуди услуга за аудио и видео стриминг преку интернет за различни корисници и настани кои се посветени на позитивни општествени промени. Медиа тимот е комплетно решение, вклучувајќи аудио/видео опрема за снимање, соодветен хардвер и софтвер, и конекција за емитување преку интернет.
Организациски тим
Организацискиот тим на МСК е искусен организатор на настани. Видови на настани организирани од страна МСК вклучуваат обуки, работилници, конференции и дебати за разни типови на учесници и публика.
Во изминатите две години МСК има организирани повеќе од 50 меѓународни настани на кои присуствувале околу 1000 учесници.