ОТВОРЕН ПОВИК - 24та Меѓународна младинска конференција „Европски вредности за иднината на регионот на Југоисточна Европа“
Published on 27 Aug 2026
Младински Сојуз – Крушево со задоволство го објавува отворањето на повикот за учество на
24тата
Меѓународна младинска конференција „Европски вредности за иднината на регионот
на Југоисточна Европа“, која ќе се одржи од 24 до 27 септември 2026 година во
Крушево, Северна Македонија.
Повеќе од две
децении, Меѓународната Младинска
Конференција
претставува платформа на која младите од Југоисточна Европа и пошироко имаат
можност да учествуваат во значаен дијалог, да разменуваат перспективи и да
придонесуваат кон посилна регионална соработка и заедничка европска иднина.
Изданието во
2026 година ќе обедини млади лидери, креатори на политики, претставници на
европски и национални институции, граѓански организации, академската заедница,
медиумите и бизнис-секторот во рамки на четиридневна програма исполнета со
дијалог, соработка и заедничко креирање решенија.
ШТО МОЖАТ ДА ОЧЕКУВААТ
УЧЕСНИЦИТЕ?
- учествуваат во дијалози на високо ниво и
да придонесат кон заклучоци и препораки кои ќе бидат споделени со релевантни
институции и засегнати страни;
- учествуваат во лаборатории за
ко-креирање, интерактивни policy labs и партиципативно мапирање на екосистемот;
- разменуваат идеи и воспостават контакти
со врсници, ментори, креатори на политики и други релевантни чинители од
Југоисточна Европа и пошироката европска заедница;
- истражат можности за менторство,
партнерства, финансирање и мобилност преку посебно дизајнирани Support Walls;
- дознаат повеќе за можностите достапни
преку Еразмус+, Европскиот корпус за солидарност и други европски програми;
- ја претстават својата иницијатива,
проект или претприемачка идеја пред меѓународна публика;
- станат дел од растечка мрежа од повеќе
од 1.700 алумни од 33 националности;
- добијат сертификат за учество по успешно
завршување на програмата.
РЕЗУЛТАТИ ОД НАСТАНОТ
Преку партиципативен дијалог, policy labs,
мапирање на екосистемот и размена насочена кон иднината, учесниците заеднички
ќе работат на развивање конкретни резултати од конференцијата, вклучително:
- Политички
препораки: предлози кои ги одразуваат перспективите и приоритетите
на младите;
- Commitment
Board: преглед на преземените заложби од страна на учесниците и
релевантните чинители;
- Cooperation
Atlas: мапирање на организации, иницијативи, ресурси и можности за
идна соработка;
- Support
Matches: поврзување на млади луѓе, организации, ментори и
потенцијални партнери;
- Формално предавање на резултатите: презентација на заклучоците и резултатите од конференцијата пред релевантни институционални претставници и засегнати страни.
КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА?
Повикот е
отворен за млади лидери, активисти, студенти, истражувачи, млади професионалци,
претприемачи и социјални иноватори кои се активно вклучени или имаат интерес во
области како што се:
- демократија и
граѓанско учество;
- градење мир и
регионална соработка;
- социјална
инклузија;
- медиуми и
комуникации;
- социјални
иновации;
- младинско
учество и европска интеграција.
Особено ги охрабруваме да аплицираат младите кои се
мотивирани активно да придонесат кон програмата, да разменуваат искуства со
врсници од различни заедници и да развиваат соработка и по завршувањето на
конференцијата.
ПРАКТИЧНИ ИНФОРМАЦИИ
Локација:
Крушево, Северна Македонија
Датуми: 24–27
септември 2026
Учеството на конференцијата е бесплатно за
избраните учесници.
Организаторот ги покрива трошоците за
сместување, оброци и конференциски материјали. Апликантите
ќе имаат можност во формуларот за апликација да ја наведат и својата потреба од
поддршка за патни трошоци.
АПЛИЦИРАЈ
Апликациите
за 24. Меѓународна младинска конференција се отворени.
Придружете ни се во Крушево и станете дел
од регионална заедница која работи за поповрзана, поинклузивна и европска
иднина на Југоисточна Европа.