Покана за учество на Конференција за социјално претприемништво
Published on 05 Jun 2026
Младински Сојуз – Крушево, во
партнерство со Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ и
Центарот за истражување и анализа НОВУС, организираат Конференција за
социјално претприемништво, која ќе се одржи на 17 јуни 2026 година,
во хотел Александар Палас – Скопје, Конгресна сала 4.
Настанот има за цел да поттикне
дискусија, размена на искуства и соработка помеѓу институциите, граѓанските
организации, социјалните претпријатија, експертите, младите и другите
релевантни чинители во областа на социјалното претприемништво, со посебен фокус
на креирање одржливи јавни политики, зајакнување на меѓусекторската соработка и
партнерствата, како и унапредување на локалните и регионалните социјални
политики за посилни и поинклузивни заедници. Во рамките на настанот ќе се
одржат три панел дискусии и отворена дискусија, преку кои заеднички ќе се
дефинираат заклучоци, препораки и следни чекори за понатамошна поддршка и
развој на екосистемот за социјално претприемништво.
Во рамки на конференцијата ќе се
дискутира за:
-
развој
на одржливи јавни политики за поддршка на социјалното претприемништво;
-
меѓусекторска
соработка и градење партнерства за поголемо општествено влијание;
-
локални
и регионални политики за развој на инклузивни и одржливи заедници;
-
механизми
за финансиска и институционална поддршка на социјалните претпријатија.
Конференцијата ќе започне со
регистрација и неформално вмрежување, по што ќе следи официјално отворање и три
панел-дискусии.
Панел 1: „Креирање одржливи јавни
политики за развој на социјалното претприемништво“
Панел 2: „Од партнерства до
влијание: Вмрежување и меѓусекторска соработка“
Панел 3: „Локални и регионални
социјални политики за посилни и инклузивни заедници“
По панел-дискусиите, ќе се одржи
тематско вмрежување за силен екосистем за социјално претприемништво, со фокус
на квалитет на живот, човечки капитал, системи за поддршка и пристап до
финансии.
ПРИЈАВУВАЊЕ И КОНТАКТ
Заинтересираните учесници треба да
го потврдат своето присуство најдоцна до 12 јуни 2026 година на следната e-mail
адреса: nina@youthalliance.org.mk
_____
Настанот се реализира во рамки на
проектот „RAISE CSOs – Резилиентни и инклузивни патеки за социјално
претприемништво за млади со локални граѓански организации во Северна
Македонија“, финансиран од Европската Унија.