Кон содржината

Отворен повик за учество во Академијата за социјално претприемништво

Published on 25 May 2026

 Отворен повик за учество во Академијата за социјално претприемништво

Младински сојуз објавува отворен повик за учество во тримесечна менторска програма во рамки на Академијата за социјално претприемништво. Оваа програма е наменета за млади луѓе кои сакаат да ги развијат своите бизнис идеи насочени кон решавање на општествени проблеми и да стекнат вештини под водство на искусни ментори.

Програмата нуди директна поддршка во процесот на структурирање, тестирање и усовршување на бизнис концептот, како и можност за презентација на меѓународна сцена.

Што вклучува програмата:

  • Тримесечно онлајн менторство (јуни – август 2026 година): Индивидуални и групни сесии со практичен пристап и соработка „1-на-1“ со личен бизнис ментор, прилагодени на слободното време и обврските на учесниците.

  • Тридиневен Pitch настан во Крушево: Комплетно покриени трошоци за учество на меѓународен настан (на крајот на септември 2026 година), каде учесниците ќе ги презентираат своите идеи пред инвеститори, организации и експерти од земјите на Вишеградската група и Западен Балкан.

  • Вмрежување и промоција: Можност за размена на искуства со успешни претприемачи и медиумска промоција на развиените бизнис идеи.

Услови за пријавување: Повикот е отворен за 5 активни млади лица на возраст од 18 до 30 години, кои покажуваат интерес за претприемништво, социјална економија, маркетинг, бизнис планирање и финансии.

По завршувањето на менторската програма, на учесниците ќе им бидат доделени сертификати за успешно реализирана обука.

Краен рок и контакт: Пријавувањето е отворено најдоцна до 5 јуни 2026 година. За дополнителни информации и прашања, заинтересираните можат да се обратат на е-пошта: nina@youthalliance.org.mk.


Програмата се спроведува во рамки на проектот „Академија за социјално претприемништво“, реализиран со поддршка од Меѓународниот Вишеградски фонд, во партнерство со: Фондација Ана и Владе Дивац (Србија), Европска фондација за човеков развој (Полска), Galileo Progetti Nonprofit Ltd (Италија), Универзитет Палацки Оломоуц (Чешка), НВО ПРИМА (Црна Гора), Democracy for Development (Косово) и Регионална развојна агенција Сенец-Пезинок (Словачка).