Гласот на младите за ЕУ во медиумите
„Гласот на младите за ЕУ во медиумите” е проект кој се спроведува од Младински Сојуз – Крушево во партнерство со Трговско Радиодифузно Друштво КОМПАНИ 21-М ДООЕЛ Скопје и Здружение за слобода на говор и професионално известување БРИАНИОН Демир Хисар, и истиот е финансиран од Европската Унија преку проектот „Медиумите за ЕУ” кој го спроведува Евротинк во партнерство со АЛДА и БИРЦ.
Преглед на проектот
За проектот
„Гласот на младите за ЕУ во медиумите” е проект кој се спроведува од Младински Сојуз – Крушево во партнерство со Трговско Радиодифузно Друштво КОМПАНИ 21-М ДООЕЛ Скопје и Здружение за слобода на говор и професионално известување БРИАНИОН Демир Хисар, и истиот е финансиран од Европската Унија преку проектот „Медиумите за ЕУ” кој го спроведува Евротинк во партнерство со АЛДА и БИРЦ.
Клучни постигнувања
Квизот вклучи 1.002 млади од 68 општини и заедници. Осум тима создадоа осум медиумски продукти, а завршниот настан собра над 60 учесници.
Клучни активности
Интерактивен квиз за ЕУ беше комбиниран со младинска медиумска лабораторија, продукциски работилници и менторство. Натпревар, кампања и завршен дијалог ги поврзаа младинските содржини со медиумите и носителите на одлуки.
Финансиери и партнери
„Гласот на младите за ЕУ во медиумите” е проект кој се спроведува од Младински Сојуз – Крушево во партнерство со Трговско Радиодифузно Друштво КОМПАНИ 21-М ДООЕЛ Скопје и Здружение за слобода на говор и професионално известување БРИАНИОН Демир Хисар, и истиот е финансиран од Европската Унија преку проектот „Медиумите за ЕУ” кој го спроведува Евротинк во партнерство со АЛДА и БИРЦ. Funded by the European Union. Views and opinions expressed are, however, those of the author(s) only and do not necessarily reflect those of the European Union or the EACEA. Neither the European Union nor the granting authority can be held responsible for them.
Веб-страница
Следете го проектот
Документи и ресурси Програми, публикации и проектни материјали 10
Прикажи помалку
„Гласот на младите за ЕУ во медиумите” е проект кој се спроведува од Младински Сојуз – Крушево во партнерство со Трговско Радиодифузно Друштво КОМПАНИ 21-М ДООЕЛ Скопје и Здружение за слобода на говор и професионално известување БРИАНИОН Демир Хисар, и истиот е финансиран од Европската Унија преку проектот „Медиумите за ЕУ” кој го спроведува Евротинк во партнерство со АЛДА и БИРЦ.
Главната цел на проектот е јакнење на капацитетите на младите за активо учество во евроинтегративниот процес на Северна Македонија преку подобар пристап до информации, зголемена медиумска писменост, граѓански ангажман во соработка со медиуми и создавање дигитални содржини.
Преку низа на активности, се стремиме да постигнеме:
- Зајакнување на медиумската писменост и аналитичките вештини на младите за преговарачкиот процес со ЕУ
- Поттикнување активно учество и граѓански ангажман на младите во преговарачкиот процес преку медиумски партнерства и јавно застапување на нивниот глас
- Користење на дигиталните и социјалните медиуми за ангажирање и едукација на младите за процесот на преговори со ЕУ.
Главниот фокус на проектот ќе биде ставен на следните активности:
1. Интерактивен квиз (анализа за вклученоста на младите во ЕУ интегративниот процес)
Интерактивниот квиз ‘Гласот на младите за ЕУ во медиумите’ содржеше 38 прашања дизајнирани да ги измерaт знаењата, ставовите, перцепциите и навиките на младите во однос на Европската Унија и евроинтегративниот процес во Северна Македонија. Прашањата беа формулирани на креативен, визуелно привлечен и младински ориентиран начин, со цел да се зголеми мотивацијата и ангажираноста кај потенцијалните учесници. Во анализата учествуваа 1002 млади лица на возраст од 15 до 29 години, кои доаѓаат од 68 различни општини и населени места низ Северна Македонија.
Квизот беше достапен на Македонски и Албански јазик. Во прилог резултатите од спроведениот квиз:
- Анализа на вклученоста на младите во ЕУ интегративниот процес
- Видео влог 2 „Гласот на младите за ЕУ“
- Видео влог 3 „Дали гласот на младите за ЕУ доволно се слуша?“


2. Медиумска лабораторија за млади
Во рамките на проектот беше спроведена Медиумската лабораторија наменета за млади луѓе која обезбеди сеопфатно знаење и практични вештини во областа на медиумското производство со акцент на евроинтегративниот процес на Северна Македонија. Програмата беше структуирана преку комбиниран пристап на теоретско и практично учење, каде 15 млади ентузијасти - учесници имаа можност да развијат медиумска писменост и да стекнат конкретни знаења и алатки за креирање на влијателни медиумски продукти, вклучувајќи видеа, колумни и подкасти. Низ процесот беа обучувани од 4 искусни професионалци од граѓанскиот сектор и медиумската индустрија. Програмата овозможи развој на креативни концепти и продукција на содржини кои ќе придонесат за унапредување на информираноста и разбирањето за процесот на евроинтеграција. Медиумската Лабораторија беше поделена на три сегменти:
- Работилница за дигитални содржини и медиумски продукти
Од 3ти до 5ти Септември 2025 година, во Крушево се одржа интерактивна тридневна работилница за дигитално креирање содржини и медиумски продукти, која вклучи 17 млади луѓе од Северна Македонија со интерес за дигитални медиуми, креативно изразување, онлајн комуникација и европски интеграции. Работилницата е дел од медиумската лабораторија, осмислена да ги зајакне капацитетите на младите за активно вклучување во новинарството, креативното раскажување приказни и обработка на теми поврзани со Европската Унија. Во текот на работилницата, учесниците се запознаа и работеа во тимови со други млади активисти и креатори, усвоија нови алатки и техники за создавање дигитални содржини, добија менторска поддршка од две фасилитаторки, и креираа видеа, подкасти, колумни и други медиумски продукти кои беа презентирани и споделени со пошироката јавност. Настанот обезбеди не само практични вештини и директно искуство, туку и поттикна чувство на тимска работа, креативност и заедништво, охрабрувајќи ги младите да го користат својот глас за отворање и адресирање на прашања важни за нивните заедници.


- Двомесечна Менторска Програма
Двомесечната менторска програма претставуваше структуриран процес на учење, практична работа и индивидуална поддршка за младите учесници. Во период од два месеци, младите работеа онлајн во рамки на редовни менторски сесии, со цел да ги унапредат своите знаења за медиумска писменост, дигитално новинарство, креативно раскажување приказни и информирање за процесот на европските интеграции. Програмата беше реализирана со поддршка од четворица ментори - професионалци од медиумскиот и граѓанскиот сектор, кои обезбедија комбинација од теоретски насоки, практични примери и индивидуален фидбек. Преку менторската работа, младите учесници добија поддршка во развојот на сопствени идеи, истражување теми поврзани со ЕУ, избор на соодветни формати и подготовка на квалитетни медиумски продукти, вклучувајќи видеа, подкасти, текстуални содржини и кампањи на социјални медиуми. Менторската програма придонесе за зајакнување на самодовербата, критичкото размислување и аналитичките вештини на младите, како и за нивна поголема подготвеност за активно учество во јавниот дискурс. Преку континуирана поддршка и соработка, програмата создаде безбеден и мотивирачки простор во кој младите не само што ги унапредија своите медиумски вештини, туку и го зајакнаа својот глас како активни чинители во процесот на европските интеграции.
- Медиумски Натпревар
На 20ти Ноември успешно беше реализиран Медиумскиот Натпревар, како завршен елемент на менторската програма. Во рамки на натпреварот учествуваа 8 тимови, вкупно 20 млади луѓе и 4 ментори, кои заеднички развија 8 уникатни медиумски продукти што ги обработуваат младинските перспективи за европските интеграции, критичкото размислување и медиумската писменост. Настанот се одржа во хибриден формат, овозможувајќи учество и презентации и физички и онлајн. Младите ги споделија своите искуства, клучни моменти и предизвици од програмата, како и финалните медиумски продукти креирани во изминатите два месеци. Стручното жири го избра Тим 8 – Дона и Симона Станчеви, под менторство на Ана Антевска, како победнички тим со видео-приказната „Евроскептицизам кај младите“, која ќе биде промовирана во информативната програма на ТВ21. Со овој настан официјално започнува и медиумската кампања на проектот. Во наредниот период ќе бидат објавени сите финални медиумски продукти креирани од младите, носејќи автентични приказни, креативност и силни пораки кои го отсликуваат гласот на младите и нивниот поглед кон европската иднина. Во прилог сите финални продукти од младите:
- Тим 1 (Сања Шоповска, Ана Стоименовска и Јоана Шемко): видео1, видео2
- Тим 2 (Стефанија Тодоровска, Тамара Петрушевска и Иво Маркич): анализа
- Тим 3 (Матеа Цветановска и Бојана Спасовска): статија
- Тим 4 (Галина Стрезоски, Михаела Стефановска и Никола Јовановски): видео-сторија
- Тим 5 (Сара Мандровска и Нела Николова): видео
- Тим 6 (Ина Илиевска, Андреа Гроздановска и Јована Алексовска): видео
- Тим 7 (Даница Среткоска и Дениција Илиевска): пишано интервју
- Тим 8 (Дона Станчева и Симона Станчева): видео-сторија


3. Кампања за промоција на резултати
Оваа активност се состои од кампања на дигитални и социјални медиуми насочена он поглавјата од ЕУ преговорите релвантни за младите (вработување, образование, дигитални права), како и широка дисеминација на медиумските содржини креирани од младите за подобро информирање и ангажирање на младинската публика.
4. Завршен Настан “Млади, Медиуми и ЕУ интеграции'
Настанот беше спроведен на 22ри Декември 2025 година во Europe House - Скопје, и истиот претставуваше значајна платформа за директен дијалог помеѓу младите, медиумите и носителите на одлуки. На настанот учествуваа над 60 претставници на институции, амбасади, граѓански организации, медиуми, новинари и млади, со заедничка цел - отворање простор за дискусија за улогата на медиумите во информирањето и вклучувањето на младите во процесот на европските интеграции. Настанот овозможи поврзување на различни чинители и размена на перспективи за предизвиците и можностите во комуникацијата за ЕУ.
Во рамки на настанот беа презентирани резултатите од Анализата „Гласот на младите за ЕУ во медиумите“, која ги отсликува ставовите, навиките и потребите на младите во однос на информирањето за ЕУ интегративниот процес. Анализата укажа на недоволната застапеност на младинската перспектива во медиумските содржини, како и на потребата од појасна, подостапна и поинклузивна комуникација за европските теми. По презентацијата следеше отворена дискусија, во која се разговараше за улогата на медиумите во градењето доверба, поттикнувањето на граѓанскиот ангажман и создавањето простор за младински глас во јавниот дискурс.
Посебна вредност на настанот беше активното учество на младите, кои ги споделија своите пораки, препораки и конкретни идеи за подобрување на комуникацијата за ЕУ и за посистемска вклученост во интегративните процеси. Нивните предлози беа насочени кон поголема транспарентност, користење дигитални и младински прифатливи формати, како и јакнење на соработката меѓу институциите, медиумите и младинските организации.


Funded by the European Union. Views and opinions expressed are, however, those of the author(s) only and do not necessarily reflect those of the European Union or the EACEA. Neither the European Union nor the granting authority can be held responsible for them.
5. EU Tracker
ЕУ Тракерот претставува дигитална алатка за следење на напредокот на Северна Македонија во преговорите со ЕУ, со редовни ажурирања за клучните области на реформи релевантни за младите.